MKD / ENG

ПОЧЕТНА ПРОЦЕСЕН ЦИКЛУС

Процесен циклус




Им даваме сигурност на нашите клиенти дека нивниот бизнис работи непречено и без грешки. Веб станите и веб апликациите бараат внимание, посебно кога потребите се менуваат и растат. Synapse овозможува одржување и услуги за поддршка кои вклучуваат: анализа на проблеми и решавање, поддршка во живо, додавање нови можности и функционалности, промени во визуелниот дел, бесплатни совети.

Внимателно ги слушаме идеите на нашите клиенти, нивните планови и очекувања. Анализата на постоечки веб страни, евалуација на содржината и конкуренциската анализа се почетни прашања кои се битни за еден успешен проект.

По прибирањето на првичните информации, работиме на планирањето на структурата, мапата на страницата и нејзината организираност, сето тоа во тесна врска со клиентот.

Oва се однесува на визуелниот дел.
Графичките елементи, боите, изборот на фонтовите и сите други останати елементи кои го креираат целосниот изглед на апликацијата. Развиениот креативен концепт го разгледува клиентот и го одобрува.

По одобрувањето на графичкото решение, започнува фазата на кодирање, каде со сето програмско искуство убавиот дизајн се претвара во целосно функционална веб апликација.

Пред да се предаде на клиентот, секој дел од искористениот код е тестиран низ неколку филтри. Овде проверуваме и потврдуваме дека програмата/апликацијата/производот кој го испорачуваме ги исполнува техничките побарувања предводени со дефинираниот дизајн и развој.
Стартувањето на апликацијата во живо е навистина возбудлив и емоционален момент. Наша обврска после имплементацијата е да сме подготвени и брзо да реагираме околу евентуални мали детали кои можат се случат. Кога се е проверено и работи без проблем, уживаме во тој момент заедно со задоволниот клиент.

Проекти:



Follow us on: